ВОДЕЧКА КОМПАНИЈА ВО ОБЛАСТА НА АВТОГАСНИТЕ УРЕДИ

Плинмонт обезбедува логистичка поддршка за сервисите кои се занимаваат со вградување на автогасни уреди во земјата, а за клиентите преку своите соработници обезбедува сервисирање на автогасните системи на целата територија на државата.

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ЗА НАС

ПЛИНМОНТ е водечка компанија во областа на автогасните уреди во Република Македонија, со повеќе од 10 години искуство во дејноста. Плинмонт обезбедува логистичка поддршка за сервисите кои се занимаваат со вградување на автогасни уреди во земјата, а за клиентите преку своите соработници обезбедува сервисирање на автогасните системи на целата територија на државата.

Плинмонт е дистрибутер и овластен сервисер за Италијанскиот производител на автогасна опрема групацијата Landi Renzo.

Мораме да ги нагласиме и големото искуство и стручната подготвеност на нашиот тим. Во текот на изминатите години, Плинмонт го зацврсти водечкото место во областа на автогасните системи во Македонија, што е резултат на зголемување на довербата кај потрошувачите, константно вложување во подобрување на квалитетот и воведување на нови технологии на Македонскиот пазар. Плинмонт ја одигра пионерската улога во воведувањето на автогасните системи во Македонија и во иднина можете да очекувате сите новини кои се промовираат на светскиот пазар да ги најдете најпрво во Плинмонт.

f

СОРАБОТНИЦИ

Placeholder
Placeholder
Placeholder
Placeholder
Placeholder
Placeholder

ПРОДУКТИ

Плинмонт е специјализиран центар за вградување на автогасни уреди во вашите возила. Ние поседуваме 12 годишно искуство во конверзија на возила на ЛПГ погон што е гаранција за успешност и квалитет во оваа суптилна и деликатна дејност.

Плинмонт е лидер во ова поле – поседува опрема и обучен персонал подготвен да дизајнира и инсталира автогасен систем кој е оптимален за вашиот автомобил.

За нашите клиенти ги одбираме автогасните уреди кои се докажуваат како најдобри и најпогодни за условите во нашата земја и ги препорачуваме на нашите клиенти во зависност од типот на возилото. Сите вградувања на автогасни системи во нашиот сервис се изведуваат во согласност со највисоките меѓународни стандарди и со целосно почитување на постоечката законска регулатива во Р. Македонија.

Нашата понуда за вградување на автогасни системи ги вклучува брендовите:

​Landi Renzo
Lovato
Landi

Како и автогасна опрема од производителите:

Tomasetto 
AEB
GZWM
MSM GAS
Samcelik


​Сигурни сме дека можеме да ви понудиме најповолни цени и најдобар квалитет.

ШТО ДА ОДБЕРЕТЕ?

Како да се одлучите за типот на автогасна опрема која ќе се вгради во вашето возило, а притоа да немате никакви проблеми со возилото и во исто време да не платите премногу за самата опрема?

Првата и најважна работа на која морате да обратите внимание е производителот на автогасната опрема. Не е тајна дека најдобрите автогасни уреди се произведуваат во Италија и Холандија. Од друга страна, се почесто како производители се јавуваат и компании од Полска и Турција, а некои од нив постигнуваат многу солиден квалитет. Италијанските уреди доминираат во Европа. Водечки производители меѓу нив се: LANDI RENZO, LOVATO, TARTARINI, BRC и други.

Што треба да се земе во предвид кога се избира производителот на уредот? Најпрво ќе ви ги презентираме главните компоненти на современите секвенционални инжексион системи.

Инјектори

Инјекторите се покажаа како најзначаен дел од Секвент уредите. Главниот параметар во нивната работа е времето на отворање/затворање. Тоа треба да е што пократко и кај современите системи изнесува околу 3ms (милисекунди)...

ПОВЕЌЕ

Редуктор/Испарувач

Повеќе големи компании каko Ланди Рензо, Ловато, БРЦ... , како и голем број на помали компании произведуваат редуктори за современите секвент системи. Секој производител поседува свој рецепт за производство на редукторите...

ПОВЕЌЕ

ECU (Контролна Единица)

Главната улога на ECU – компјутерот е да ги контролира гасните инјектори. Тоа е екстремно комплициран процес бидејќи тој мора да процесира голем број на различни иформации и потоа прецизно да ги калкулира контролните сигнали...

ПОВЕЌЕ

ПЛИНСКИ СИСТЕМИ

Компоненти на плинските системи


Регулаторот врши испарување на течниот ЛПГ и обезбедува точно ниво на притисок на гасот кој доаѓа до инјекторите.

 

Бидејќи за испарувањето е потребна топлина, системот ја употребува течноста за разладување на моторот за загревање на регулаторот. Тоа е едно-фазен или двофазен дијафрагматски тип на регулатор / испарувач со вода-гас топлотен разменувач, внатрешен сигурносен вентил и соленоиден вентил со вграден филтер. Калибриран е да обезбедува притисок кој е за 0.95 бари (95 kPa) повисок од воздушниот притисок во всисните доводи за воздух. Номиналната брзина на проток изнесува 30 kg/час.


Овој сензор испраќа до контролната единица информации за температурата на разладната течност во моторот.


Филтерот за гас е лоциран помеѓу редукторот и инјекторите. Ја филтрира гасната фаза на ЛПГ и спречува механички нечистотии поголеми од 80 μm да навлезат во инјекторите. Максималниот работен притисок изнесува 250 kPa. Филтерот мора да се заменува според специфираните сервисни интервали.


Овие електромеханички компоненти го испорачуваат гасот во моторот. Нивното работење е контролирано преку сигналите кои ги добиваат од електронската контролна единица (компјутерот). ЛПГ горивото кое се наоѓа во инјекторските доводи се вбризгува преку инјекторите во всисните доводи за воздух. Инјекторите се придвижувани со „одбери и задржи“ (peak and hold) тип на актуација. Максималниот работен притисок изнесува 250 kPa.


Овие електромеханички компоненти го испорачуваат гасот во моторот. Нивното работење е контролирано преку сигналите кои ги добиваат од електронската контролна единица (компјутерот). ЛПГ горивото кое се наоѓа во инјекторските доводи се вбризгува преку инјекторите во всисните доводи за воздух. Инјекторите се придвижувани со „одбери и задржи“ (peak and hold) тип на актуација. Максималниот работен притисок изнесува 250 kPa.


Оваа компјутерска единица ги контролира сите операции на ЛПГ системот. Таа прима информации од контролната единица на возилото и од повеќе сензори, а моделот на работење кој го употребува се базира на софтверска стратегија способна да ги детерминира оптималните вредности за сите работни состојби на моторот преку сензорите за број на вртежи на моторот (RPM), притисок на ЛПГ и температура на ЛПГ и на течноста за разладување на моторот.

Контролната единица го контролира вбризгувањето на ЛПГ, ги контролира сите компоненти на ЛПГ системот, обезбедува информации на возачот, во случај на детекција на неправилности префрлува на бензински погон, врши дијагностика на ЛПГ системот и во итни случаи го затвора мултивентилот на резервоарот за ЛПГ.


Со комутаторот за префрлување возачот може да избере погон на ЛПГ или на бензин. Две LED диоди индицираат кој тип на гориво се користи – зелената за ЛПГ, жолтата за бензин. Комутаторот поседува и индикатор за нивото на ЛПГ (5 LED диоди). Исто така поседува и звучен сигнал кој се вклучува кога системот автоматски префрлува на бензински погон заради детектиран премногу низок притисок на ЛПГ или грешка во ЛПГ системот.


Полначката е неповратен вентил кој дозволува полнење, а истовремено спречува истекување на гас во спротивна насока. За да извршите полнење едноставно одвртете го капачето и поставете го пиштолот за полнење. Во зависност од земјата, можеби ќе ви биде потребен дополнителен адаптер.


Мултивентилот е лоциран на ЛПГ резервоарот и ги контролира следните функции: полнење, ограничување на полнење на 80%, мерење на нивото, довод на ЛПГ, испуштање на ЛПГ од сигурносни причини или заради преполнетост.


ЛПГ резервоарот се поставува во задниот оддел за багаж на возилото, безбедно фиксиран за структурата на возилото. Постојат два вида на ЛПГ резервоари, цилиндричен кој се поставува во одделот за багаж и кружен / тороидален кој се поставува на местото на резервното тркало. Во сите случаи, резервоарите се изработени од термички обработен челик и се тестирани на притисок од 30 бари.

Ова е во голема мера над нормалниот работен притисок кој се движи од 2 до 15 бари. Пред инсталацијата секој резервоар поминува низ систематски тест со што се гарантира висок квалитет и целосно исполнување на постоечките прописи за безбедност. Законот предвидува ограничување на полнењето на 80% за да се обезбеди безбедно работење на резервоарот.


Компоненти

1. Карбураторски системи
2. Моно инжексиони без катализатор
3. Мулти поинт инжексиони без катализатор
4. Моно инж. со катализатор
5. Мулти поинт инж. со катализатор
6. Ланди блу 4 цилиндри
7. Ловато Фаст 4 цилиндри
8. Ланди Рензо Омегас 4 цилиндри
9. Ланди Рензо Омегас 6 цилиндри
10. Ланди Рензо Омегас 8 цилиндри
11. Доплата за торусна боца
12. Доплата за цилиндрична боца над 60 л.
 

АВТО КЛИМИ

Ве молиме да нè контактирате за повеќе детали.

 

LPG предности

Предностите на автогасот се преголеми за да ги игнорирате, без разлика дали сте сопственик на приватно возило, поседувате мал бизнис или голема флота на службени возила.

Растечките цени на бензинот и дизел горивото, зголемената свесност за зачувување на околината како и потребата за намалување на трошоците на превоз, секој ден убедуваат се повеќе луѓе и компании да се одлучат за конверзија на своите автомобили на автогасен (ЛПГ) погон.

Оние кои веќе се префрлиле на употреба на ЛПГ многу ретко се враќаат на бензин. ЛПГ не само што значително ги намалува трошоците за гориво (и до 50% заштеда), туку истотака:

- го намалува абењето на моторот, со тоа и трошоците за одржување;

- значително го намалува загадувањето на околината, со тоа што возилата на ЛПГ испуштаат 15% помалку јаглерод диоксид (CO2) и 80% помалку азотни оксиди (NOx);

- возилата на ЛПГ погон имаат перформанси кои се блиски на перформансите на бензин, а кај новата генерација на ЛПГ уреди перформансите се идентични.

Повеќето возила можат ефикасно да се конвертираат на ЛПГ погон но ќе морате да се осигурате дека опремата која ќе ја вградите во вашето возило е компатибилна со него. Особено системите кои се предвидени за вградување во новите возила кои исполнуваат ECO 3 и ECO 4 стандарди, бараат стриктно почитување на правилата за вградување и секое вградување на овие системи мора да биде извршено од Овластен ЛПГ сервис.

НАЈЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА ЗА АВТОГАСНИТЕ УРЕДИ


„ЛПГ” (LPG) е интернационална кратенка за Liqiufied Petroleum Gas која во превод значи Течен Нафтен гас (ТНГ). LPG е смеса од пропан и бутан. Во литературата може да се сретне под името пропан-бутан, UNP, GPL, BNG, а востановениот назив е автогас (автоплин). Авотплинот во овој момент е најекономичното алтернативно гориво, а воедно е едно од горивата кои најмалку ја загадуваат околината.


Автогасен уред е можно да се вгради во речиси сите возила на бенсиски погон. Постојат многу мал број на возила кај кои не е можно конверзија од бензин на гас. Технологијата на производство на гасни уреди во целост ја следи автомобилската индустрија, така што со најновата генерација на гасни уреди (Уреди со Секвенционално Вбризгување) можно е да се опремат сите типови на автомобили од најново производство во кои спаѓаат и возилата чиј мотор поседува пластична всисна грана или комон-реил систем. Предноста на овие уреди е и во многу малата разлика во однос на перформансите на возилото која е помала од 2%.


Кај стандардните автогасни уреди, губитокот на сила изнесува до 10%, а губитокот на брзина до 5%. Со правилно и стручно вградување на автогасниот уред оваа разлика ретко кога ќе имате можност да ја почувствувате. Потрошувачката на автогас е нешто повисока од онаа на бензин, во просек за околу 10%. Кај современите уреди со Секвенционално (Директно) Вбризгување на автогасот, губитокот на сила и брзина е помал од 2%.


Се зависи од големината и видот на резервоарот за гас и од типот на возилото. Во просек се губи 20-30% од багажниот простор. Постојат и тороидални резервоари кои се вградуваат во просторот наменет за резервното тркало, така што со нивно вградување багажниот простор останува слободен.


Автогасната инсталација која денес се вградува во автомобилот е многукратно побезбедна од неговата бензинска инсталација.
Резервоарите за гас се така конструирани да издржуваат притисок кој е повеќе од шест пати повисок од оној при нормална експлоатација. Изработено се од квалитетен челичен лим со дебелина од 3 до 4 милиметри.
На резервоарот се вградува сигурносен вентил кој оневозможува негово полнење над 80% од вкупната зафатнина, со што на гасот му се овозможува при екстремно високи температури простор каде би можел да се шири. А што се однесува во случај на судар, резервоарот за гас е последната работа за која треба да се грижите затоа што тој поднесува многу повеќе отколку што издржува возилото или човекот.
Полнењето со гас се врши преку полнач кој е монтиран однадвор, така што нема можност гасот да навлезе во кабината. Испарувачот е конструиран на тој начин да пропушта гас само кога моторот е во погон.
Сите производители на автогасна опрема мораат да ги исполнуваат строгите меѓународни стандарди (67R-01; 67R-00) за квалитет и безбедност на овие производи. Тоа значи дека секој елемент од автогасниот систем пред да се вгради во возилото поминал низ ригорозна процедура на контрола на квалитетот.
Вградувањето на автогасната опрема се изведува во согласност со правилата и прописите кои ја регулираат оваа дејност. Квалитетот и исправноста на извршеното вградување на автогасен уред се потврдува со преглед на возилото од страна на овластена институција. Во нашата земја тоа е Машинскиот Факултет во Скопје.
​Накратко, кога се вградува автогасна опрема произведена од проверен производител, контролирана од меѓународни референтни институции, инсталирана од овластен сервис и на крај атестирана од овластена домашна институција (Машински Факултет), нема никаква причина за стравување за безбедноста на возилото и патниците.


Заради своите карактеристики LPG има поволно влијание на моторот:

- потивка и помирна работа на моторот
- векот на траење на моторот се зголемува за околу 35% 
- потполно согорување на смешата плин-воздух во цилиндрите со што не доаѓа до губиток на гориво преку издувните гасови
- поголема трајност на маслото во моторот (подолго време ги задржува своите карактеристики бедејќи не се разградува заедно со бензинот)
​- не се создава корозија која инаку настанува заради адитивите кои се додаваат во бензинот за подобрување на неговите својства
- два пати подолг век на катализаторот и на ламбда сондата
- почисти издувни гасови.


Автогасните уреди воглавно се делат на:

- Вакуумски, наменети за типови на возила со мотори опремени со карбуратор 
- Електронски, наменети за типови на возила со мотори опремени со „injection“ системи (mono и full injection)
- Секвензионални, наменети за типови на возила со мотори опремени со „injection“ системи (full injection).

Разликата кај моторите со „injection“ системи е дали моторот (кога работи на бензин) има секвенционален тип на работа. Стандардните електронски уреди имаат пониска цена од секвенционалните, но и послаби перформанси и поголема потрошувачка од нив. Недостаток на овие системи е што кај некои типови на мотори постои можност да дојде до повратна детонација, односно согорување на плинот во всисната гранка наместо во цилиндрите. Настанувањето на оваа појава може да е последица на повеќе причини. Самата детонација може да доведе до оштетување на некои делови во моторот.
Доколку моторот е со метална всисна гранка, оштетување може да настане само на куќиштето на филтерот за воздух. Ако всисната гранка е пластична, штетите можат да бидат многу поголеми со тоа што и самата гранка се оштетува а моторот нема да работи и возилото останува неподвижно. Кај најновата генерација на автогасни уреди, секвенционалните, опасност од вакви детонации не постои. Заради тоа не е можно ни да настане оштетување на делови на моторот. Единствен недостаток на овие системи е неговата повисока цена.