ECU КОНТРОЛНА ЕДИНИЦА

Главната улога на ECU –компјутерот е да ги контролира гасните инјектори. Тоа е екстремно комплициран процес бидејќи тој мора да процесира голем број на различни иформации и потоа прецизно да ги калкулира контролните сигнали. Всушност, целиот систем зависи од работата на ECU – преку него се внесуваат сите параметри при програмирањето на самиот автогасен систем.

Еден од најпознатите производители кои работат по специјални нарачки од други компании е Италијанскиот АЕБ.
Поголемиот број на компании како Ланди Рензо, Ловато, Тартарини,... самите ги произведуваат овие уреди. Секако, самата работа на ECU се базира на софтверот кој го поседува, односно од неговата прилагодливост и способност да одговори на сите можни предизвици со кои системот секојдневно се соочува.

Од нашето повеќегодишно искуство, можеме да го издвоиме софтверот на Ланди Рензо Омегас кој се покажа како многу стабилен и ефикасен.

При правењето на избор на производител на автогасен уред, одберете го брендот чии уреди веќе се докажале како издржливи и компатибилни со специфичните услови на нашите сообраќајници и квалитетот на горивата. Осигурете се дека го дистрибуира реномирана фирма која гарантира долготрајно снабдување со резервни делови и која вистински стои зад дадените гарантни рокови. Во спротивно, можете да се најдете во ситуација за најмал проблем да доживеете големи непријатности, како што се барање на резервни делови во странство или непостоење на сервисер кој би го отстранил проблемот.

Втората работа е конфигурирање на систем спрема вашите потреби и спрема типот на возилото, што би значело избор на тип на автогасен уред и избор на тип и големина на гасниот резервоар. Во овој случај неопходна ви е стручна помош од искусен професионалец кој ќе ви даде вистински совет.
Не секогаш поевтин тип на уред или поголем резервоар е тоа што на вас ви е потребно.