ИНЈЕКТОРИ



Инјекторите се покажаа како најзначаен дел од Секвент уредите. Главниот параметар во нивната работа е времето на отворање/затворање. Тоа треба да е што пократко и кај современите системи изнесува околу 3ms (милисекунди).

Задачата на гасните инјектори е да постигнат работа на моторот на гас идентична како кога моторот работи на бензин и затоа е важно да се одбере тип на инјектори чија функција ќе соодветствува на функционирањето на бензинските инјектори.
 
Гасните инјектори меѓусебе се разликуваат по конструкцијата на механизмот за дозирање и по нивниот капацитет, како и по времето на отворање/затворање. Постојат специјализирани производители на гасни инјектори од кои се снабдуваат голем број на производители на автогасна опрема. Попознати меѓу нив се: Кеихин (Keihin Group), Валтек (Valtek S.P.A.), Матрикс (Matrix S.P.A Automotive division). 

Постојат и производители на автогасна опрема кои не нарачуваат инјектори од други компании, туку самите ги произведуваат. Ова е многу подобра опција, бидејќи овие инјектори се конструирани во согласност со карактеристиките на редукторот, ECU и другите компоненти на системот. Типичен пример за ваков производител е Ланди Рензо со неговиот систем Омегас, чии инјектори го прават системот супериорен по перформансите во однос на автогасните системи на другите производители.