ПЛИНМОНТ е водечка компанија во областа на автогасните уреди во Република Македонија..

Ние поседуваме 12 годишно искуство во конверзија на возила на ЛПГ погон што е гаранција за успешност и квалитет во оваа суптилна и деликатна дејност.

За нашите клиенти ги одбираме автогасните уреди кои се докажуваат како најдобри и најпогодни за условите во нашата земја и ги препорачуваме на нашите клиенти во зависност од типот на возилото.

Сите вградувања на автогасни системи во нашиот сервис се изведуваат во согласност со највисоките меѓународни стандарди и со целосно почитување на постоечката законска регулатива во Р. Македонија.

Во текот на изминатите години, Плинмонт го зацврсти водечкото место во областа на автогасните системи во Македонија, што е резултат на зголемување на довербата кај потрошувачите, константно вложување во подобрување на квалитетот и воведување на нови технологии на Македонскиот пазар.

Сигурни сме дека можеме да ви понудиме најповолни цени и најдобар квалитет.